Првичниот инстикт за чување на заштедените пари кој “природно’’ се појавува кај најголемиот број граѓани во услови на криза е погрешен, тврдат инвестициските советници.
Во интервју за “Локално” еден од најпрепознатливите инвестициски советници во земјава, Коста Костадиновски советува диверзификација на вложувањата, односно да се има и кеш на сметка и недвижности и акции во странство и дома.
“Овој сегашен контекст на кризи, корона, војна во Украина, инфлација, би требало да поттикне инвестирање затоа што во овие кризни ситуации се појавуваат шанси коишто вообичаено ги нема на пазарот во нормални услови, што значи, подобри цени што треба да се искористат’’, вели Костадиновски.
Во оваа насока, дури и актуелната ситуација во која вртоглаво растат цените на станбениот квадрат, според него треба да се исползува за купување стан или куќа бидејќи како што вели „секогаш е попаметно парите да бидат врзани во било каква реална вредност како што се акциите или недвижностите, отколку да стојат како чисти пари на сметка’’.
Во однос на дилемите дали треба да е инвестира во злато, Костадиновски советува дека овој благороден метал не е инструмент кој може да не направи побогати, но во определени ситуации дава сериозна заштита. Не гледа причина за панично менување девизи бидејќи тоа како што вели не е соодветна заштита од инфлација.
“Растот на цените е глобален и ќе биде подеднаков и да имаме денари, евра или долари Ако со 61 денар или едно евро купувавме литар нафта сега цената е околу 80 денари, или 1,3 евра. Значи, инфлацијата е и во денари и во евра’’, заклучува Костадиновски.
Кризите од секаков тип, особено војните, инфлацијата и недостигот на храна создаваат несигурност кај граѓаните и стопанствениците дали и како да располагаат со своите пари.Со зголемување на економската неизвесност кај луѓето се почесто е прашањето дали да се штеди или да се инвестира. Какво е вашето искуство, дали расте интересот кај граѓаните и инвеститорите да вложуваат или да ги чуваат заштедените пари?
Вообичаено прашањето дали да се штеди или да се инвестира, во развиените земји не е прашање меѓу едното или другото туку се прават и двете. Штедењето генерално се прави за остварување на краткорочни финансиски цели, а за парите кои се слободни на подолг рок, препорачливо е да се инвестираат во акции.Овој сегашен контекст на кризи, корона, војна во Украина, инфлација, би требало да поттикне инвестирање затоа што во овие кризни ситуации се појавуваат шанси коишто вообичаено ги нема на пазарот во нормални услови, што значи, подобри цени што треба да се искористат. Инфлацијата е дополнителна стимулација бидејќи кога инфлацијата расте, парите ја губат својата вредност. Вложувањето во инструменти како што се акциите кои имаат трајна вредност го штитат капиталот од инфлација.Со тоа вложување инвеститорите директно го заштитуваат својот имот од инфлацијата бидејќи компаниите и во услови на инфлација продуцираат додадена вредност. во определени ситуации златото значајно заштитува и секогаш е препорачливо да сеима во определена доза во личните портфолија на клиентите, или како акции од компании кои произведуваат злато, или како инвестициско злато.
Што ги советувате клиентите? Како мудро да се располага со парите? Кој е најсигурниот начин за “спас” на парите?
Важно е кога се инвестира да не се вложува во било што, туку мудро да се носат одлуки и да се користи знаењето на инвестициските советници се со цел да се одберат компании односно акции од компании или бизниси кои растат во вакви ситуации, акции кои носат добри дивиденди и коишто се ниско задолжени.Ние како инвестициски советници располагаме со потребните ресурси за да ги најдеме таквите компании.
Пандемската криза и војната во Украина се чини дека немаат надолно влијание врз цените на недвижностите. Дали се исплати сега да се вложи во стан, куќа, земја, автомобил?
Во услови на инфлација секое вложување е пооправдано од чување на пари, особено на подолги рокови.Секогаш е попаметно парите да бидат врзани во било каква реална вредност како што се акциите или недвижностите, отколку да стојат како чисти пари на сметка. Кешот краткорочно е најфлексибилен и најмоќен да заврши работа на краток рок, но ако парите се слободни за подолгорочни цели посоодветно е да се направат инвестиции.
Историјата досега многу пати покажала дека златото е “најдоброто засолниште”. Може ли одлуката да се инвестира во овој благороден метал да не направи побогати?
Златото не е инструмент кој може да не направи побогати, но во определени ситуации дава сериозна заштита. Вредноста на златото вообичаено расте кога има кризни ситуации во економиите и на пазарите на капитал. Така беше во периодот на короната, така е и сега со војната во Украина и со зголемената инфлација.Ако се вратиме 10-15 години наназад, ќе видиме дека така беше и за време на светската финансиска криза во 2008/2009 г. , кога во голема мера се нарушија пазарните односи, пазарите бележеа поголем пад и кога
сеостанато паѓаше, златото растеше.Така што во определени ситуации златото значајно заштитува и секогаш е препорачливо да сеима во определена доза во личните портфолија на клиентите, или како акции од компании кои произведуваат злато, или како инвестициско злато.
Од почетокот на војната во Украина брзо скокна интересот за странските валути.И покрај смирувачките тонови од НБРМ, почесто се купуваат евра, долари или франци.Дали единствената корист во оваа ситуација ја имаат менувачниците?
Веќе не се работи за ситуација која е врзана со домашната економија, туку за глобален пораст на цените.Кај нас тоа е популарно наречена“увезена инфлација”. Инфлацијата што доаѓа кај нас е заради зголемените цени на енергенсите што се увезуваат како нафтата, гасот, струјата, зголемената вредност на базичните материјали, како што е железото и другите метали и тоа ја поттикнува инфлацијата. Тоа не е инфлација врзана со специфични настани поврзани со македонската економија. Затоа растот на цените или инфлација ќе биде подеднаков и да имамеденари, евра или долари. Ако со 61 денар или едно евро купувавме литар нафта сега цената е околу 80 денари, или 1,3 евра.Значи, инфлацијата е и во денари и во евра.Од таму не гледам причина за панично менување девизи, односно не го гледам како соодветна заштита од инфлацијата, менувањето на парите од една во друга валута.
Праксата покажува дека мал број луѓе се решаваат во услови на економска несигурност да вложуваат на берза. Дали овој вид вложување наспроти некои директни вложувања сепак има подобар ефект?
Клучна работа тука е диверзификацијата на имотот. Директните вложувања како што се недвижностите не се лоша опција, тие се оправдани вложувања посебно кога носат некаков поврат на вложените средства во форма на кирии, ренти што доаѓаат од тој имот.Тука клучно е нашиот имот да е распределен во различни инструменти.Покрај тоа што имаме недвижности во кои живееме или ги изнајмуваме и ни носат некакви приноси,добро е дел од средствата да се вложат во портфолио од акции, посебно странско портфолио.На ваков начин имаме вистински и реален имот во странствосо што се обезбедува заштита од ризиците поврзани со Македонија.Затоа е добро секојпоединец да оди во насока на диверзификација на своите вложувања,односно, да имаи кеш на сметка инедвижности и акции во странство и дома. Сето тоа ќе придонеседа имаме поголема стабилност и сигурност на имотот во различни ситуации.
Што покажува досегашното ваше искуство? Дали инвеститорите ги “користат” актуелниве кризи? Колку се заинтересирани да вложуваат?
Правилно советуваните и правилно информирани клиенти секогаш извлекуваат максимална корист од сите кризни ситуации. Кај нас се забележува зголемен интерес од страна на клиентите за дополнително вложување во портфолио од акции, токму во оваа ситуација.
Какво е вашето мислење за наредниот период, доколку војната се пролонгира, се проблематизира извозот на гас, дополнително се зголеми инфлацијата и глобално се влоши целата ситуација?
Вообичаено берзите се први коишто се на удар на овие кризни ситуации. Од она што го гледам од почетокот на оваа криза, пазарите изреагираа многу негативно во многу краток период и сега гледаме определено закрепнување и враќање на претходни ценовни нивоа блиску до оние пред да почне војната, што имплицира на некакво идно решавање или лимитирани последици од војната.
Иако за Европа во периодот што следи, посебно во делот на енергенсите ќе има потурбулентен период и поголеми потешкотии. Некои аналитичари сметаат дека покрај Европа во рецесиони движења ќе падне и глобалната економија. Во услови на инфлација, во услови на толкав раст на цените каков што имаме денес, навистина ќе биде проблем да се генерираат позитивни реални стапки на раст на бруто домашниот производ.
К.В.С.