Актерот Кевин Костнер (68) тврди дека неговата 19 години помлада сопруга Кристин Баумгартнер (49), со која има три деца, бара алиментација од 248.000 долари месечно за да ги финансира нејзините пластични операции. Двојката неодамна објави дека се разделува.
Во новите судски документи до кои дојде ТМЗ, Костнер тврди дека 248.000 долари вклучуваат повеќе од 100.000 долари за естетска хирургија за Баумгартнер, како и илјадници долари за облека во бутик и други трошоци кои не се поврзани со нивните деца.
Сметководителот на Костнер вели дека ова се еднократни трошоци кои немаат никаква врска со издршката на децата. Во документите се тврди дека Костнер ги платил сите трошоци за децата и ќе продолжи да го прави тоа, нагласувајќи дека смета дека 51.940 долари месечно се разумна сума.
Да потсетиме, Баумгартнер како причина за алиментација од 248.000 долари месечно навела дека и требаат толку многу пари за таа и нивните тројца тинејџери Кејден (16), Хејс (14) и Грејс (13) да живеат како што биле навикнати.
Како што пренесува Индекс, таа нагласила дека тоа ќе им биде „едвај доволно“ и откри колку семејството трошело досега.
„Го обиколувавме светот во приватни авиони и престојувавме во луксузни хотели и вили“, рече таа и истакна дека потрошиле речиси 26.000 долари за чамци, 22.000 долари за спа услуги и 542.000 долари за градинари.
Кевин Костнер поднел судски документи со кои бара неговата сопруга Кристин Баумгартнер да го напушти неговиот дом во согласност со предбрачниот договор.
Тој во судските документи навел дека е единствен сопственик на трите семејни домови, а според предбрачниот договор што го потпишале кога се венчале во 2004 година, Баумгартнер се согласила да ги напушти домовите во случај да се разведат.
Откако Баумгартнер поднесе барање за развод на 1 мај, таа имаше 30 дена да се исели од куќата, но таа одбива да го стори тоа, објави TMZ по прегледувањето на правните документи.
Оскаровецот откри и дека на сопругата веќе и обезбедил 1,45 милиони долари со предбрачен договор, но дека е подготвен да плати повеќе пари доколку тоа помогне да го напушти неговиот дом.
Потсетуваме, ова е втор брак на актерот. Од 1978 до 1994 година беше во брак со актерката Синди Силва (66), со која има и три деца: Ени (39), Лили (36) и Џо (35).
Почна да излегува со Баумгартнер во 2000 година, а се венчаа во Аспен, Колорадо во 2004 година.