Костова: Не ве задоволи смртта на Младенов и ја смисливте лустрациската комедија

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Зарем не е веќе кристално јасно колку Фокус е систематски третиран од фамилијата на власт! Не ги задоволи смртта на Никола Младенов и згаснувањето на дневен Фокус.

Продолжија да не гонат пред нивните судови и судии. И тоа не им ги насити ниските страсти, веројатно затоа што ја преживеавме казната…и еве ја смислија лустрацискава комедија, изјави за Новатв главната уредничка на Фокус, Јадранка Костова.

– Сепак, кога ќе се сетам на сите мафијашки пораки кои јавно ги истрелаа нивните мегафони, дека оние што дадовме изјави за британски Ал Џезеира, меѓу коишто бев и јас, треба да завршиме во канализација или со бетон врз нас, тогаш можам да бидам среќна што вака лесно поминав само со лустрација …Барем за сега, нели! Нивните пораки имаат и симболика-одлуката за лустрирање да биде со датумот на смртта на Младенов, 26 март – вели новинарката Костова.