Костовски: Целосно да се расчисти скандалот со спречување акција против дрога од обезбедувањето на Мицкоски

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен. Најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинска насока, изјави пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

„Но, надлежните институции имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност. МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата“, наведува Костовски.

Додава дека професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин.

„Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал“, истакна тој.

Костовски прашува дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?

„Затоа овој случај мора целосн да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност“, заклучи пратеникот на СДСМ.

Слични содржини