Костовски: Политичка заднина има одлуката на НБРМ за стечај на Еуростандард

од Берта Китинска
228 прегледи

Стечајот на банката има политичка заднина, тврди бизнисменот и сопственикот на Еуростандард  Трифун Костовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

-Одлуката на НБРМ за стечај на банката има политичка заднина, немам докази, но ќе ги обезбедам.Јас пред себе знам дека имам Кинески ѕид, НМБР и државата , ова е моја битка која ми дава сила за да се борам. Јас иразувам солидарност кон оштетените. Нема  да бегам од земјава, немам потреба да изнесувам пари. Се што сум имал сум вложил во баката.Првото рочиште е закажано за октомври.Се надевам дека стечајната постапка ќе биде завршена за една година со цел парите од банката да не се излеваат преку нивните наплати и ќе бидат вратени кај оштетените, изјави Костовски.

 

Слични содржини