Костовски со јавен повик до Јовески: Дајте предност на истрагата и да се заврши овој небулозен процес

од Берта Китинска
276 прегледи

Бизнисменот Трифун Костовски денеска упати јавен повик до јавниот Обвинител на Македонија, Љубомир Јовески.

-Вашето Обвинителство покрена постапка против мене Трифун Костовски со која ми го замрзнавте имотот, поведувајќи истражна постапка против мене и мојот син Коста Костовски за стечајот на Еуростандард банка. Бидете убедени обвинението врз кое ја темелите истражната постапка е нереално и нема никакви допирни точки со вистинското работење на Еуростандард банка и ние како нејзини акционери. Ве молам дајте предност на истрагата и да се заврши овој небулозен процес. Ми замрзнувате имот кој ми е печален пред 30-40 години. Водите истрага без никакви елементарни докази. Јас ве повикувам, бидејќи не успеав да дојдам кај Вас на разговор на оваа тема со цел на цивилизиран начин да искомуницираме на овој за мене невиден атак од мојата татковина Македонија.Ве молам ослободете ми го имотот за да можам да ја водам мојата војна за вистината.Бидете убедени, ќе стигнам до нејзе, вели Костовски.

Слични содржини