Котлар Трајкова: Во Центар има потреба да се стави СТОП на агресивното градење на станови

од Берта Китинска
371 прегледи

Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар  од ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител Телевизија рече дека општина Центар не е само скопска општина, таа е воедно и центар на државата.

Таа укажа дека таа многу добро ги знае потребите и интересите на жителите на општина Центар бидејќи и таа е жител на оваа општина.

„Четвртите кои што се во строгиот центар на општина Центар имаат потреба да се стави СТОП на агресивното градење на станови. Општина Центар веќе нема потреба од такви градби. Ние ќе воведеме еден вистински мораториум да не биде фингиран. Она што е за потребите на граѓаните има доволно станови во општина Центар. Ние не можеме да примиме толкава демографска сила во оваа општина, треба да се прилагодиме кон потребите на граѓаните. Друго, инфраструктурата на самата општина во однос на канализација, патишта, движење на пешаци, велосипедски патеки, бучавост, ако зборуваме, па дури и чистотата на самиот дел што се вели општина Центар. Значи тие работи мора да се спроведат и да се организираат“, појасни Котлар Трајкова.

Слични содржини