Коцарев: Бугарскиот и Преспанскиот договор се недостоинствени документи

од Nikola Popovski
270 прегледи

Политичарите се главниот извор на денешните предизвици кои парадоксално започнаа со десолвенизација и демакедонизација на Македонија, изјави денеска претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев на Годишното собрание на највисоката научна институција

Тој во својот говор потенција дека „не сме народ без корен“.

-Во овие услови е свето право и должност на МАНУ да им се спротивставиме на сите обиди за демакедонизација на Македонија. Бугарскиот и Преспанскиот договор и промената на Уставот заедно се извор на нестабилност во регионот од причина дека секоја држава што својата иднина ја гради врз нелегални и недостоинствени докуммети, наметнати од големите сили, е осудена на пропаст, категоричен е Коцарев во својот говор пред присутните.

Претседателот на МАНУ смета дека членството во ЕУ ќе остане неостварен сон.

-Подолго време ЕУ демонстрира неприцинпиелност и немање желба за проширување, испраќајки јасни сигнали за Македонија и останати земји од регионот дека членството ќе остане неостварен сон, според многу аналитичари, додаде Коцарев.

Слични содржини