Првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, се огласи попладнево и ги повлече своите ставови, кои од утринава ја кренаа јавноста „на нозе“.
Имено, станува збор за наводното укинување на Катедрата за македонски јазик и книжевност. Оттаму академик, Коцарев вели дека изнесените ставови на одбележувањето на „Годината во чест на Блаже Конески – 2021“, биле исклучиво индивидуални.
„Се радувам што на Филолошскиот факултет „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и македонска книжевност. Посакувам во идните реорганизации на факултетот, рамо до рамо со различните отсеци секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенски јазик и иза македонски јазик и јужнословенски книжевности. Сите досегашни изјави и текстови се мои лични изјави, со единствена цел заедно и достоинствено да ја пеославиме годишнината на Блаже Конески“, истакна Коцарев во изјава за „Телма“.