Коциќ: Битката на опозицијата да ќари политички поени, не сопира ниту во процесот на справување со Ковид 19

208 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ посочи дека актуелните власти навремено реагираат и во однос на вакцините и во однос на однесувањето во врска со Ковид кризата. Посочи дека со ширење на лаги и невистини, од страна на опозицијата, плукање по здравствените работници и останато, не може да и се донесе добро на државата.

„Сметам дека за нашите граѓани треба да се озбезбедат најквалитетните и најбезбедните вакцини. На крајот успеавме да набавиме и вакцини од Фајзер преку соседна Србија. Следната недела пак, ќе пристигнат кинеските вакцини. Ние не треба да добиваме погрешна перцепција дека ако се вакцинираме проблемот е решен, секако се додека не се постигне колективен имунитет. Опозицијата деструктивно и неодговорно се однесува кон Ковид кризата. Не признаа дека властите ги применија сите мерки препорачани од СЗО. Битката на опозицијата да ќари политички поени не сопира ниту сега. “, истакна Коциќ.

Слични содржини