Нема да се укине единствената преговарачка рамка за Република Северна Македонија, без разлика што Виктор Орбан ги нуди своите услуги да биде посредник во спорот со Бугарија, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Ковачев потсети дека тогашниот премиер Никола Груевски избегал во Унгарија, а голем дел од македонските медиуми биле во „рацете на Унгарците“, и воопшто не се пријателско расположени кон Бугарија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на посетата на Охрид, кажа дека е подготвен неговата земја да биде посредник во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија.
„Нема потреба од посредници. Главната теза на македонските власти е дека „европскиот пат е блокиран од Софија и дека Бугарите се лоши и се виновни за се“, рече Ковачев.