Ковачевски: 324 милиони евра со Предлог буџетот за транспорт и врски за модерна инфраструктура и капитални инвестиции

од Nikola Popovski
161 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го презентираа Предлог буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот Буџет за транспорт и врски е развоен со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст, основа за понатамошен развој, што е особено важно во овие услови на најголема економско-енергетска криза.

-Предлог буџетот за Министерството за транспорт и врски за 2023 година изнесува околу 324 милиони евра, што е за 135% зголемување од оваа година.

Буџетската каса е проектирана за реализација на крупни капитални проекти како што се: изградба на автопатот на Коридор 8 и Коридор 10Д, изградба на железница на Коридор 8, изградба и санација на локални патишта во општините, гасификација, изградба и реконструкција на водоводни и канализациони мрежи, субвенции за нови авиoлинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.

И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско–енергетска криза интензивно работиме на изградба и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Тоа е нашиот приоритет и во наредната 2023 година. Најголемиот дел од буџетската каса на транспорт и врски, за наредната година, односно 308 милиони евра се наменети за реализација на капиталните проекти, што е за 163% повеќе од оваа година, рече Ковачевски.

Премиерот меѓу другото нагласи и дека во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8, за што се предвидени 244 милиони евра.

-Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. Очекуваме следната година да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид и веќе во јануари 2024 година да можат граѓаните, сите ние да возиме по тој автопат. Активно продолжува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, третата лента на патот Паланка-Деве Баир. Во рамки на овој Коридор, наредната година треба да отпочне изградбата на автопатските делници Ќафасан-Струга-Требениште, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово и Коридорот 10Д Прилеп-Битола. Активно ќе се работи и на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, Дреново-Фариш, Скопје-Блаце прва фаза, Битола-Меџитилија и други автопатски делници за кои повеќе ќе зборува министерот, кажа Ковачевски.

Слични содржини