Ковачевски бара ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира Законот за повисоки плати на 4.700 наставници

од Nikola Popovski
158 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите на измените на Законот со кој 4.700 наставници во основното и средното образование ќе добијат трансформација на работниот однос, а со тоа и повисоки плати.

„Ние како партија имаме поднесено законско решение, во Собранието, прво за трансфорамација на работниот однос на 4.700 наставници во образованието од определено на неопределено работно време, потоа за исплаќање на плата која што ќе биде со коефицинети на минималната плата, за вработување на помошници во самите образовни институции. И тоа законско решение беше блокирано од истата таа опозиција која што денес бара усогласување на платите, што само по себе е парадокс. Ова законско решение е блокирано повеќе од една година“, посочи Ковачевски, гостувајќи во емисијата „200“, повикувајќи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите.

Ковачевски истакна дека во овие четири и пол години, освен минималната плата, има раст на платите во сите сектори и тоа е потврдено со официјални податоци.

Слични содржини