Ковачевски: Бараме национален консензус, за да се спротивставиме на силите и луѓето кои сакаат Македонија да ја направат свој криминален вилает

од Симе Стоиков
220 прегледи

„Со заеднички сили ќе ја придвижиме државата кон Европската Унија. За тоа нудиме и бараме национален консензуз, за да се спротивставиме на силите и луѓето кои сакаат Македонија да ја направат повторно, своја приватна фирма, свој криминален вилает, за да крадат и грабаат“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје.

Тој додаде дека додека СДСМ работи на внесување на државата во НАТО и отворање преговори со ЕУ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги заплашуваат граѓаните дека ќе сме останеле без јазик, без идентитет и без култура.

„Докажавме дека таква опасност не постои. Македонскиот јазик е зачуван! Македонскиот идентитет не е чепнат! Македонската култура е призната и препознаена во целиот свет“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со нивниот лидер е истото ВМРО-ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор.

„Тоа е Македонија-држава на стиропор, на насилници, на криминалци, заплашени медиуми, купени медиуми, на шепотење и страв“ рече Ковачевски.

Слични содржини