Ковачевски: Целосно интегрирање во ЕУ единствен пат за поголема мобилност и можности за научно истражувачка и академска кариера

од Radmila Tasevska
241 прегледи

Пакетите за антикризни мерки кои се во насока на унапредување на студентскиот стандард, субвенционираниот студентски оброк, решавање на предизвиците со кои се соочуваат при спроведувањето на овие мерки и дискусија за потенцијални подобрувања или идни иницијативи за понатамошно зајакнување на поддршката на студентите, и нивниот академски и личен живот, биле тема на денешната панел дискусија „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“, на која учествувапе претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски.

-Разговаравме и на теми кои не смеат да бидат табу теми во државата туку треба за нив да се разговара и кои што јас навистина бев среќен што беа поставени. Најпрвин споделивме во однос на мерки кои не постоеле во минатато, а кои денес ги имаме во нашиот образовен систем, пред се, во делот на стандардот. Воведувањето на студентскиот оброк, за 28 000 студенти кој не постоеше во минатото, од 2020 година студентите добиваат 50 евра месечно за студентски оброк преку картички кои се како финансиски картички кои можат да ги искористат во угостителски објекти или кои што тргуваат со прехранбени производи токму за таа намена. Потоа за зголемениот износ на стипендии за 80 отсто во делот на додипломските студии како и за воведување на нови стипендии на додипломски и последипломски како и докторски студии, посебно за дефицитираните науки како што се математика, физика, хемија и во медицинските науки. Од минатата година и во делот на земјоделските науки кои што стипендии се веќе со износи до 18.000 денари за докторските студии или 9.000 денари за магистерски студии, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Меѓу темите за кои било разговарано и кои треба да се адресираат, било и менталното здравје, со акцент на зголемената аксиозност кај младите.

– Се сложивме заедно дека единствен начин и пат на државата е целосно интегрирање во ЕУ којашто ќе овозможи поголема мобилност, поголем пристап до можности за научно истражувачка, академска кариера во државата но и надвор, размена на знаења, мобилност во делот на зголемени ЕРАЗМУС проекти инт. Држава во која тие ќе можат да го гледаат својот личен и професионален развој како полноправна членка на ЕУ, порача Ковачевски.

На новинарско прашање за сумата која студентите ја добиваат за студенстскиот оброк, тој подвлече дека тоа е тема за дебата откако мерката првпат е воведена од Владата на СДСМ.

-Сто четириест денари се многу повеќе од нула. Во минатото не постоеше студенстски оброк, значи тој изнесуваше нула во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а ние го воведовме со сума од 120 денари на ден, сега е 140 денари на ден и се исплаќа непречено. Она што беше пречка, беше од техничка природа која МОН, Министерството за финансии, Здружението на банки на државата, успеавме да ја решиме на многу брз начин. Во однос на зголемувањето на сумата, секогаш кога се разговара за одредена сума, особено кога не постоела во минатото, треба да се имаат предвид неколку параметри – прво расположивост на средства во буџетот, висината инфлацијата која во моментов е на нормално ниво од 3 проценти. Нормално дека за тоа ќе се разговара, но овој исчекор што го направивме како влада досега не бил направен, вели Ковачевски.

Прашан околу висината на партиципацијата на универзитетите, тој кажа дека тоа прашање е во надлежност на универзитетите кои имаат своја автономија, подвлекувајќи дека е потребен холистички пристап кој ќе ги има предвид вкупниот буџет на универзитетите, нивниот број, бројот на студенти, типот на студии кои ги нудат, како и можноста на студентите да платат, со оглед дека се работи за државни универзитети.

Слични содржини