Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива со новата локална власт предводена од СДСМ и Медат Куртовски, порача вечерва од Ростуше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на почетокот на кампањата за локалните избори за градоначалник на општина Маврово и Ростуше.
Претседателот Ковачевски ги повика граѓаните да дадат поддршка за понудата на СДСМ за Маврово и Ростуше да продолжи по вистинскиот пат.
„СДСМ е фаворит на изборите на 20 август, но тоа не значи дека работата е однапред завршена. Да излеземе масовно на 20 август и со својот глас да избереме да продолжи напредокот на Маврово Ростуше. Во овие 20ина денови вклучете се во победата, разговарајте со вашите соседи, роднини и пријатели, укажете им што значи Маврово и Ростуше да продолжи по вистинскиот пат. Само ако секој од нас даде свој придонес нашиот Медат, нашата советничка група ќе оствари победа и овде во Ростуше, но и во Маврови Анови, во Жировница, во Велебрдо, во Скудриње и во сите населени места во оваа наша убава општина.“ порача Ковачевски.