276
Премиерот Димитар Ковачевски присуствува на Минхенската безбедносна конференција, при што на маргините на настанот оствари средба со со британскиот премиер Борис Џонсон.
„Пријателството меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и сојузништвото во НАТО се силни влогови за безбедноста и стабилноста.
Обединетото Кралство е наш стратешки партнер, и во континуитет ни дава силна меѓународна поддршка. Премиерот Џонсон ни честиташе за сите наши заложби за спроведување конструктивен дијалог кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за евроатланска интеграција“, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.