Од опозициската партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека, Ковачевски е заложник на Ахмети, една година владее како до сега, со криминал и корипција.
„Ковачевски е заложник на Ахмети, една година владее како до сега, со криминал и корипција.
Со Ковачевски ништо не се смени, напротив, уште повеќе се зацврсти криминалот. Тој е заложник на Ахмети, зошто само тој го држи на власт.
Ковачевски го гледа само личниот интерес. Уште со доаѓањето на СДС на власт тој со неговиот кум ја основал Пиксел груп, која заедно со КМГ ЕОЛ Квазар на неговиот кум зема грантови од државата, тендери и склучува договор со ЕВН додека тој е функционер.
Како Ковачевски функционира цела Влада. Матните зделки и тендери им се главна цел.
Покрај криминална, Владата е и неспособна. Македонија има инфлација од 20% на врвот во Европа. Се увезува струја и над 20 милиони евра месечно, затоа што власта е неспособна да произведе.
Во поглед на безбедноста, Владата е неспособна да ги заштити граѓаните. Со месеци неможе да пронајде кој е дојавувачот на лажните бомби и внесува несигурност кај граѓаните.
Ковачевски ги остави и учениците без книги, а болните без лекови. И образованието и здравството се во хаос.
Земјоделците се незадоволни и неможат да си го продадат произведеното.
Ковачевски и Ахмети не можат да ја водат Македонија. Потребни се промени и нова Влада за подобра иднина“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.