Ги научивме нашите грешки, знаеме кои се, кога се признаваат грешки тие може да се поправат, но она што е главен избор на овие претседателски и парламентарни избори е јасната визија на СДСМ и коалицијата, на претседателот Стево Пендаровски за европска интеграција на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска по разговор со граѓаните на Водно и активностите на промотивниот штанд за претседателскиот кандидат Пендаровски.
Имајќи чест да ја предводам Владата во 2 од 7 години колку што СДСМ и коалицијата имаа одговорност да ја предводат Владата, сметам дека никој подобро од мене не знае од што се незадоволни граѓаните, додаде Ковачевски.
-Пред се тука мислам на високите цени, на недоволното владеење на правото и на потребата за подобра борба со корупцијата. Од друга страна ние работевме во услови а навистина голмеа и енергетска криза, која што особено се засили по војната во Украина. Во тој период успеавме да ги зголемиме и платите и пензиите, ако ги споредиме само пензиите во однос на 2016 тие се зголемени за 50%. Минималната плата е зголемена за 3 пати во однос на 2016. Просечната плата е зголемена двојно во однос на 2016, поддржавме огромен број на компании, граѓани земјоделци, невработнеи лица, самохрани родители, со 9 пакети на антикризни мерки и на тој начин успеавме да спасиме 80.000 работни места во време на пандеијата секако и во време на енергетската криза. Успеавме да обезбедиме услови би рекол граѓаните на најдобар начин ја пребродат кризата, рече Ковачевски.
СДСМ, Коалицијата и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се единствена опција за европска иднина на државата, потенцираше Ковачевски.
-Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност ниту волја да тоа го направат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.