Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Општината Чучер Сандево во придружба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општината Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ ја посетија и официјално ја отворија градинката „Мило мое” во Општината Чучер Сандево.
Оваа Општина за прв пат добива градинка за воспитание и образование на деца до 6 години со простор за да прими 110 деца.
-Денес практично го остваривме сонот на Чучер Сандево да имаат градинка која може да згрижи 110 деца. Радува фактот што тука се запишани 70 деца кои никогаш досега не оделе во градинка. Децата од Чучер Сандево мораа да одат во градинките во Општина Бутел и конечно можат да одат тука, порача премиерот.
Тој информира дека Владата предводена досега има дадено поддршка да се отворат 73 градинки, дека до крајот на годината ќе отворат уште 10, а идната година ќе следат уште 15.
-Не ги заборавивме воспитувачките, негувателките, техничкиот персонал, сите оние кои професионално и одговорно се грижат за децата. Како резултат на политиките на оваа Влада, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата, а со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателите и стручниот кадар во градинките од септември се покачи за 15% на сите вработени во оваа дејност. Со Законот за минимална плата, покачување доби и техничкиот персонал, порача Ковачевски.