Ковачевски го осуди отворањето на бугарскиот клуб: „Провокација која никому не носи добро“

од Nikola Popovski
234 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва го осуди отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

-Сметам дека тоа е провокација, која што никому не носи добро. Отворање на културен центар треба да носи име на некој кој што зближува, а не на некој кон кој што граѓаните имаат негативни чувства, не само Македонците, туку доминантно и Евреите. Треба да се има почит од организаторите на тоа здружение. Сметам дека тоа се мали групи, кои имаат лични интереси во формирањето на клубови со такви имиња. Не ги знам тие луѓе, но сигурно знам дека не се блиски до СДСМ, рече Ковачевски во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини