Ковачевски: Граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари за ценатата на струјата

од Radmila Tasevska
126 прегледи

Денес премиерот Димитар Ковачевски изјави дека граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари 2023 година во однос на цената на струјата, а оние граѓани коишто најмалку трошат, коишто најмногу заштедиле, а тоа се во првите два тарифни блока сметам дека нема да имаат зголемување.

-Следејќи го движењето на оваа цена која што вие ја спомнавте, како и движењето на другите цени, односно факторите коишто ја определуваат висината на цената, на загубите итн. и јас исто така го делам мислењето на вицепремиерот за економски прашања и на министерот за економија со коишто ние секојдневно работиме на решавање на проблемите во енергетиката, е дека граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари 2023 година. Дури сметам, дека оние граѓани коишто најмалку трошат, коишто најмногу заштедиле, а тоа се во првите два тарифни блока дека нема да имаат зголемување, рече Ковачевски на новинарско прашање за цената на електричната енергија.

Оние коишто многу трошат и коишто можат тоа финансиски да го поднесат без никакви проблеми (граѓани) тогаш тие ќе имаат веројатно зголемување. И она што сметам дека е исто така значајно да се случи со цената, мислам дека со овие влезни параметри може да се случи да има намалување на цената на електрична енергија за регулираниот пазар кај малите потрошувачи, а тоа се 70-ина илјади компании коишто вработуваат 98 проценти од вработените во државата. Значи, да почекаме РКЕ да ја даде финалната цена, меѓутоа оценката која што ја даде вицепремиерот за економски прашања на која што се повикавте и јас се согласувам со неа, рече Ковачевски на новинарско прашање.  

Слични содржини