Ковачевски: Има една разлика меѓу мене и Мицкоски

од Nikola Popovski
221 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски информира дека разговарал со многу лидери на други земји и тие немаат видено пример да се ограничува право на пратеник во Собрание со нотарски изјави, каков што беше примерот со пратениците на ВМО-ДПМНЕ околу евентуалното гласање или негласање за отворање на Уставот и внесување на бугарското малцинство.

-Сметам дека секој пратеник треба да биде слободен во својот избор. Зошто не би се поддржале уставните измени?  Има една разлика меѓу мене и Мицкоски. Таа е следнава: Мицкоски им нуди на граѓаните да бидат горди, сами и изолирани на мала маса. Јас им нудам да бидат достоинствени, со крената глава и да седиме на големата маса во Брисел. Јас сум дел од континуитетот на Република Македонија, од времето на Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Никола Кљусев, Борис Трајковси и Зоран Заев, со кого влеговме во НАТО. Мицкоски е дел од времето на Никола Груевски, бидејќи во тие 11 години еден милиметар не се поместивме. Сега секој ден седиме во Брисел, рече премиерот во емисијата „Клик плус“.

Ковачевски порача дека секој пратеник треба да биде свесен за улогата која што ја има во Собранието и дека одлуките што се носат ја одредуваат иднината на генерациите што доаѓаат.