Ковачевски: Источната патна мрежа со целосно нов лик, рехабилитирани речиси сите патни врски

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид на работните активности на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани.

При обиколката на теренот, каде градежните активности се одвиваат со засилен ритам беше изразено задоволство и уверување за остварен вкупен прогрес од 75% од делницата долга речиси 14 километри и беше посочено дека и во време на КОВИД -19 пандемијата интензивно се работеше на изградба и реконструкција на главните патни делници низ земјата, а годинава се задржува силно темпо и динамиката.

„Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада и ние остануваме и понатаму крајно посветени и максимално ангажирани на овој план. Како и во изминатите години, кога и во време на пандемијата интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата, и годинава го задржуваме тоа силно темпо и динамика.

Резултатите од овие заложби се особено видливи во овој источен дел на државата. Градежните работи во штипско, како централна точка на источниот регион, се одвиваат со засилен ритам и го менуваат ликот на модерните клучки и патни решенија кон Кочани, кон Радовиш и Струмица, кон Пробиштип и кон другите урбани центри на нашиот исток“, изјави Ковачевски.