Ковачевски: Ја прифаќаме силната порака која ни ја испратија граѓаните, на 8-ми мај ќе биде тешко

од Симе Стоиков
251 прегледи

Изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што само така ќе успееме да изградиме подобар животен стандард, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски попладнево во Сарај во рамки на митингот на Коалицијата за европска иднина.

– Ја прифаќаме силната порака која на вчерашниот изборен ден ни ја испратија граѓаните. Знаеме дека изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Одлуката е во рацете на граѓаните, но сите треба добро да размислат како ќе влијае на нашата иднина ако десничарска партија добие преголема моќ или ако се вратиме во грдите времиња на меѓуетнички тензии, истакна Ковачевски.

Потенцираше дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што, како што вели, само така ќе успеаме да изградаме поквалитетно образование и здравство, поефикасна борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.

Во рамки на Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, по Сарај, најавено е Ковачевски, носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници да го посетат и Чучер Сандево

Слични содржини