Ковачевски ќе се обрати на официјалното отворање на канадската компанија „Магна Мирорс” во Струга

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски утре во 11 часот ќе се обрати на официјалното отворање на канадската компанија „Магна Мирорс” во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

На официјалното отворање свои обраќања ќе имаат Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал”, директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, а ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи како и претставници на менаџментот на компанијата.

Согласно агендата на организаторите, после официјалните обраќања ќе следи презентација и обиколка на новата инвестиција.

„Магна интернационал” е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.