Ковачевски: Ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да имаме европска Македонија, со европски економски стандард

од Симе Стоиков
216 прегледи

„Единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски животен стандард. Ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да имаме европска Македонија, со европски економски стандард. Ден и ноќ за подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните“, „изјави претседателот на СДСМ на митинг на претседателот Стево Пендаровски во општина Аеродром.

Тој додаде дека овие денови целата јавност виде дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото.

„Со нив, не е можна никаква позитивна промена. Тоа го видовме и во Скопје, и во Аеродром тоа го гледаме насекаде. Градот Скопје и општините под капата на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се развиваат стагнираат. Ѓубрето не можат да го исчистат а не проекти да реализираат. Но видоа граѓаните и нешто друго. Како се врши притисок, се заплашуваат и се апсат новинари, каква е спрегата меѓу државните институции, националниот сервис и ДПМНЕ и како се пласираат лажни анкети и лажни вести од еден центар.Исто како во времето на Никола Груевски“, потенцираше Ковачевски.

„Иако предупредував во неколку наврати, ретко кој сакаше да верува. Но сега е јасно како ден. Во време на СДСМ никогаш се нема случено да биде уапсен новинар. Напротив, ние ја вративме слободата и демократијата и постојано ја унапредувавме. Затоа во 2023 година Македонија се искачи на 38 место на индексот на Репортери без граници за слобода на медиуми, во споредба со периодот на ДПМНЕ кога беше на 123 место“ истакна Ковачевски.

Тој заклучи дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и во темно минато, многу далеку од Европа и дека тоа можеме заедно да го спречиме, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски.

Слични содржини