Премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата денешната посета на Струмица ја завршија со средба со градоначалникот Костадин Костадинов.
Како што објави струмичкиот градоначалник, со премиерот и министерката Јованка Тренчевска и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, разговарале на повеќе теми поттикнати од актуелните состојби и новите предизвици, како во Струмица се решаваат тие, и служат за пример и за останатите општини во државата.
-Ги информирав за проектите коишто ги реализиравме досега во мојот мандат, а ги запознав и со капитални проекти кои ќе бидат приоритет во интерес на граѓаните и на Општината, објави Костадинов.
Покрај средбата во кабинетот на Костадинов, владината делегација предводена од премиерот Ковачевски го посети Младинскиот центар којшто е отворен пред неполн месец во општинската зграда.