Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски порака дека фискалната транспарентност е највисок степен на фискална контрола и без разлика на тековните состојби, мора во континуитет да се работи на нејзино унапредување, како дел од градење подобар систем на јавни финансии и во насока на забрзан економски развој.
Оттаму, од Министерството за финансии посочија дека има многукратни придобивки од новата алатака за трансоарентност на Министерството за финансии “Фискален бројач“, во насока на подобар перформас за извршување на буџет, како и информирање на јавноста.
„Фискалниот бројач е новата алатка за транспарентност на Министерството за финансии со високофрекфентни податоци, која на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните трошоци, додека на месечна основа го прикажува државниот долг. Целта на оваа алатка, објавена на веб-страната на Министерството, е понатамошно отварање на буџетот кон јавноста и постигнување повисоко ниво на фискална транспарентност. Фискалната транспарентност е највисок степен на контрола на јавните финансии, бидејќи се ставаат на располагање информаци кои креираат јавно мислење, кое пак има висок степен на корективна моќ. Креирањето подобар систем на јавни финансии се состои меѓу другото и од постојани активности во насока на подигање на фискалната транспарентност“, истакна Ковачевски.
Ковачевски меѓудругото информираше и дека алатката на дневна основа го покажува полнењето на државната каса, како и расходната страна на буџетот, односно кумулативот од почетокот на годината до конкретниот датум на објава, како и степенот на реализација во однос на планот. Исто така, се прикажуваат и на дневна основа реализацијата на капиталните расходи се прикажува на дневна основа.
„Вие знаете дека во петгодишниот план на Министерството за финансии, кој првпат беше изработен во таква среднорочна рамка, воведовме и нов механизам на следење и управување со капиталните расходи, со цел тие да бидат реализирани на повисоко ниво и на овој начин се прави притисок на сите институции за нивна подобра реализација“, посочи заменик-министерот за финансии.
Тој додаде и дека на месечна основа преку новата алатка се објавува државниот долг, односно со повисока фреквенција од порано, кога истиот бил објавуван на квартална основа.