Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум

од Radmila Tasevska
198 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, учествувал на работен ручек со светската бизнис и политичка елита, во организација на Светскиот економски форум во Њујорк.

На собирот учествувале високи претставници на политичко ниво од земјите од Г7, Европа, Азија и регионот, како и на водечки светски мултинационални компании, меѓу кои на Амазон, Мастеркард и други.

Како што соопштија од владината прес-служба, на ручекот се разговарало за начините за зајакнување на основната доверба неопходна за унапредување на заедничката глобална агенда во сегашниот предизвикувачки геополитички контекст, во кој е потребно да се одржи и постигне напредок за критичните економски, еколошки и општествени приоритети.

– На ручекот, премиерот Ковачевски оствари повеќе значајни контакти во насока на воспоставување или продолжување економска соработка, информираа од Владата.

Слични содржини