Ковачевски на средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза

од Radmila Tasevska
137 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денес заедно со советничката за здравство доцент д-р Ана Данева-Маркова, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашкоска и пратеничката Санела Шкријељ, имаа средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза.

На почетокот од средбата, премиерот Ковачевски уште еднаш изрази длабоко жалење за смртта на прерано починатиот Благојче Илиевски, кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза.

Ковачевски на состанокот посочи дека веќе се дадени насоки за итна набавка на лекот за најкритичните пациенти со оваа болест, за во најкраток можен рок да се набави, за што веќе се одобрени над 2,2 милиони евра.

Премиерот потенцираше дека нема да дозволи ниту еден пациент во земјава да биде издвоен или маргинализирани, само затоа што има скапа терапија. Во Владата, ќе се формира посебно тело составено од стручните советници на премиерот, ФЗОМ, МАЛМЕД, БЈН, Клиника за детски болести и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, кои до крај на следна недела треба да направат предлог измени на Закон за јавни набавки, Закон за лекови и Закон за здравствено осигурување за да може директно да се преговара за набавка на лекот и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти. Со измени на постоечки законски регулативи, би се направило системско решение односно државата во директни преговори со производителот на лекот би ја набавувала потребната терапија.

Дополнително, за прв пат ќе се подготви тригодишна Програма за пациенти со цистична фиброза, во којашто ќе има буџетска предвидливост за секоја година за да може сите пациенти да го добиваат лекот.

Слични содржини