125
Формирањето на мали групни домови овозможи премин од систем за социјална грижа заснован на големи и сегрегирачки институции кон систем на социјални услуги во заедницата за достоинствен живот на секое дете.
Процесот на деинституционализација се покажа како успешен проект бидејќи малите групни домови не се само место за живеење туку место во кое децата се социјализираат, создаваат чувство на семејна грижа, позитивни животни навики. Преку групните домови се создава чувство на љубов. Групните домови се средини во кои се овозможува правилен раст и развој на децата, како и подготовка на децата да бидат независни и самостојни во понатамошниот живот.
Премиерот на децата им додели новогодишни подароци, стои во соопштението од Влада.