Ковачевски: Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да бидат амнестирани осудени лица од „Монструм“

од Radmila Tasevska

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање рече дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да се амнестираат осудени лица од убиството кај Смилковското Езеро.

– Штом законот влезе во собраниска процедура, доколку има такви случаи кои ги наведувате, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман со кој истите ќе бидат исклучени од можноста за амнестија, рече Ковачевски.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот дали како родител е подготвен да ги амнестира помагателите во убиството кај Смилковското Езеро.

Слични содржини