Ковачевски: Пред да гласате во среда убаво размислете каква иднина и посакувате на вашата држава и вашите деца

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Пред да го заокружите бројот, убаво размислете каква иднина замислувате за Македонија, каква држава сакате за вас и вашите деца, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во општина Центар.

Ковачевски порача дека гласањето во среда почнува од нула и од граѓаните побара да не не дозволат врз нивната одлука да влијаат евтините дневно-политички ветувања и националистички наративи.

„Погледнете ја големата слика, визуелизирајте како ќе изгледа државата по четири години ако довербата ја дадете на проевропска партија, а како ако гласате за наследниците на последниот автократ во Македонија. Гласајте совесно! Гласајте одговорно! На 8-ми мај одлуката за иднината на вашите деца и внуци е во ваши раце“ порача Ковачевски.

Слични содржини