Ковачевски: Сега треба сите да се фокусираат на што побрза замена на документите

од Radmila Tasevska
264 прегледи

Состојбата со замената на пасошите ме потсетува на 2010 година и е многу слична со вадењето биометриски пасоши што значи дека од тогаш не сме ја извлекле поуката за подобро организирање на процесите на замена на документи. Не бегам од одговорност, но тоа секогаш треба да биде базирано на факти. Овој процес треба да се заврши затоа што се заснова на меѓународно потпишан договор, изјави денеска во Скопје претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

-Јас никогаш не сум бегал од било каква одговорност. Меѓутоа секогаш тоа треба да биде базирано врз основа на факт. Кога зборувате за 2020, 2021, 2019 тогаш треба да се види кој каква функција обавувал во дражавата. Она што можам да кажам дека прво јас изразувам жалење за она што нашите граѓани мора да го поминуваат во делот на обезбедување на патни исправи и на други документи, пред се , личните карти, возачките дозволи. Во делот на пасошите ова ме потсетува на 2010 година со биометриски пасоши беше многу слично, што значи дека од тогаш не сме ја извлекле поуката за подобро организирање на процесите на замена на документи. Овој процес треба да се заврши затоа што се заснова на меѓународно потпишан договор којшто е верификуван од страна на земји коишто впрочем меѓуанроден договор озвоможи нашата земја да стнае змеја члнека на НАТО и да ги отопчнеме преговорите со ЕУ после 17 години чекање, рече Ковачевски на новинарско прашање за тоа дали ќе преземе политичка одгвоорност околу хаосот со промената на личните документи.

Во изјавата дадена по учеството на панел дискусија со студенти на тема „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“ организирана од СДММ, тој посочи оти не гледа политичка партија во државата во моментов која е против договорот.

-Имаше политички партии коишто им кажуваа на граѓаните дека штом ќе дојдат тие во позиција ќе го укинат Преспанскиот договор, ќе го вратат старото име итн. Гледате дека тоа не се случи, значи било само една реторика, лажење, којашто им помогна да дојдат до одредени полтиички поени кај граѓаните. Меѓутоа на крајот на денот, секогаш доаѓа крајот на лагата. Така што, и ВМРО-ДПМНЕ мораше да застане пред Северна Македонија и да каже, да тоа е договорот. Затоа сега треба сите да се фокусираат на што побрза замена на документите, овозможување на услови тоа да биде направено и граѓаните да можат да ги добијат своите документи за летување, вели претседателот на СДСМ.

Тој посочи дека досега се заменети 1,2 милиони пасоши и упати на интервјуто за МИА во кое го објаснува целиот процес, меѓу другото и на спроведување постапки со меѓународнии партнери за набавка и испорака на обрасци, и донесувањето на Законот за јазици со кој граѓаните можат да изберат, да имаат документи не само на македонски и на албански, туку и на српски, бошњачки, турски јазик итн. што влијаше на усложнување на постапката.Но, останува фактот, вели, дека граѓаните заслужуваат услуга која што ќе ја добијат навремено, а нема притоа да бидат изложени на долги чекања.

-Јас кажав и сега ќе кажам дека граѓаните секогаш заслужуваат повеќе и секогаш заслужуваат подобро. Тоа е основниот постулат на едно општество коешто се развива. Желба на секој поединец е она што го имаат денес да е на исто ниво или она што го има утре е на подобро ниво од тоа што го има вчера и со тоа се согласувам дека граѓаните заслужуваат повеќе, вели Ковачевски.

Во однос на измената на законот со кој се овозможи да се користат до крајот на годинава во државата собраќајните дозволи со старото име, Ковачевски кажа дека тоа било направено во рокот додека тие важеле.

-На последниот ден на предлог на пратаниците на СДСМ, низ координација со сите политички партии и претседателот на Собранието, тој закон беше сменет во една исклучителна кратка постапка бидејќи се работи за практично техничка измена. Но, тоа не зачаи дека вие таа сообраќајна дозвола можете да ја користите во странство. Пасошите се користат за патување во странство, не за пред македонски институиции. Овој процес треба да се заврши. Треба сите коишто се вклучени без разлика на политички партии и тн. да бидат на ниво на задачата и процесот да биде завршен на задоволство, пред се, на граѓаните, изјави претседателот на СДСМ Ковачевски.

Слични содржини