Ковачевски: Следна стратешка цел е членство во ЕУ до 2030

од desk4
257 прегледи

Според објавата на неговиот ФБ профил, премиерот порача дека „македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, но дома, во Северна Македонија. ЕУ е визијата за подобар стандард, за подобри и повисоко платени работни места, за европски, западни вредности, дома“.

– Северна Македонија од осамостојувањето до денес со храбри политики пребродувала многу предизвици. Изминативе шест години како Влада понудивме водство и решенија и силно застанавме позади интересите на нашата земја, на нашите граѓани, на иднината на нашите млади, на идните генерации, нагласил Ковачевски.

Петседателот на Владата во рамки на работната посета на Вашингтон денеска се сретна и со америнскиот сенатор Крис Марфи, со конгресмените Брендан Бојл и Деби Дингел, како и со други високи владини претставници, сенатори и конгресмени.

Слични содржини