Ковачевски: Со ребалансот на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во образование, здравство и социјална заштита

од Nikola Popovski

Повеќе пари за капитални проекти, повеќе пари за здравството, за образованието, за земјоделството, повеќе пари за нови мерки, повеќе пари за нови вработувања се клучните цели на овој ребаланс. Со предложениот ребаланс на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра, изјави на прес-конференција, Димитар Ковачевски, заменик-министер за финансии и член на Извршен одбор на СДСМ.

Според него, со предложениот ребаланс на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.

-Споредено по области, со овој ребаланс, за земјоделството се обезбедуваат три милијарди денари, Заштитата на животната средина се зајакнува преку нова програма за зелен развој со 685 милиони денари, додека за здравството се обезбедуваат дополнителни над шест милијарди денари. За областа економски работи, каде се вклучени мерките за помош,, се обезбедуваат дополнителни 6,8 милијарди денари. Сето ова се инвестиции кои позитивно ќе влијаат ерз економскиот раст, но и врз животниот стандард на граѓаните и затоа, носењето на овој ребаланс е исклучително важен за нашата економија и за нашите граѓани. Ги повикувам сите пратеници од сите пратенички групи, низ конструктивна, аргументтирана дебата најпрво во надлежната Комисија а потоа и во собраниска седница, да го донесат овој Ребаланс на Буџетот за 2021 година, рече Ковачевски на прес-конференцијата.

Слични содржини