Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се Бојан Маричиќ, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој денес се одржува во Солун, Грција, соопштија од владината прес-служба.
-Премиерот Ковачевски, ќе има свое обраќање на Самитот, заедно со колегите од Југоисточна Европа, членови на процесот. Самитот со кој ќе претседава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, предвидено е да започне во 17:40 часот. На Самитот присуствуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и други високи претставници што е показател за важноста на овој Самит.На Самитот предвидено е да се дискутира и за Декларација во чиј фокус е енергетската стабилност, безбедноста, поврзување за економски развој како и спроведување на зелената агенда, информираат од Влада.