Ковачевски – Ѕуо: Отвореност за унапредување на економската соработка и определба за натамошно меѓусебно почитување

од Nikola Popovski
233 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина, во нашата држава.

На состанокот се потврдени традиционално пријателските односи помеѓу двете држави засновани на меѓусебно почитување и е изразена отвореност за унапредување на економската соработка, преку заинтересираност за инвестиции од Северна Македонија во Кина и за продолжување на соработката во делот на инфраструктурата во нашата држава.

Заеднички е оценето дека постојат повеќе различни области за соработка со Кина кои ќе придонесат кон унапредување на односите помеѓу двете земји.

Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски ја повтори позицијата на Република Северна Македонија на линија на нашите стратешки партнери НАТО, САД и ЕУ за најостра осуда на руската инвазија на Украина и санкции кон Руската Федерација.

Премиерот Ковачевски истакна дека Република Северна Македонија е држава членка на НАТО, со аспирации за членство во Европската Унија и дека продолжува да се развива во таа насока.

Слични содржини