Овде беше кажано едно многу сериозно обвинување, а тоа е кон мене, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска по обвинувањето од пратеникот Драган Ковачки, дека тој што ги потпишувал решенијата за испраќање војници на мисија во странство земал мито.
-Ве прашувам последен пат дали останувате на тврдењата дека имате докази дека парите од наводната корупција за која зборувате веќе половина час завшуваат кај мене лично? Вие заборавате пред три минути што кажавте. Значи не се кај мене парите, така? Спроведете надзор и контрола, улогата на Собранието е тоа, кажа Петровска.
Министерката инсистираше да добие одговор од Ковачки да повтори дека парите од наводното мито завршувал кај нејзе, како потписник на решенијата, по што, веројатно од страв од тужба за клевета, Ковачки се повлече.
Таа претходно истакна дека шпекулациите за наводна корупција при испраќање војници во странство ги пријавила до истражните органи уште во април и истрагата е во тек. Петровска праша зошто Ковачки објавува информации за истражна постапка со цел да добие политички поени.