Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки утрово преку социјалните мрежи му се обрати на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и побара од него да каже кој му понудил поделба на Македонија.
-Од настапите на Али Ахмети пред своето членство повторно гледаме дека кога се отвораат прашањата за борба со корупција и кога е очигледно дека конечно е дојдено време да се стави крај на пљачкањето и понижувањето на Македонија и Македонците, тој отвора теми кои се национал-романтични и не носат никаков напредок на државата.
Тој повторно зборува за воениот конфликт во 2001 година и признава дека македонската страна била таа која му понудила поделба на Македонија, но бидејќи тој бил посветен на Македонија, не прифатил поделба. (?!)
Тука се поставува едно прашање и кое доколку е искрен пред Македонците како што сака да се претстави, Ахмети треба да го одговори: Кој е тој од македонската страна што нудел поделба на државата, неговиот коалиционен партнер Љубчо Георгиевски или другиот коалиционен партнер – СДСМ?, прашува Ковачки.