Ковачки не успеа да го запали францускиот предлог, па го искина

од Nikola Popovski
190 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска говореше во Собранието на седницата за разгледување на информацијата за францускиот предлог-преговарачка рамка на С. Македонија со ЕУ.

Тој по завршувањето на своето обраќање се обиде да го запали листот хартија со францускиот предлог, но не успеа бидејќи не запалката не проработи. Потоа го зема и го искина, како што го направи и неговата колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

-Не постоите вие за мене од СДСМ. Вашите зборови се неважни, вие сте предавници, рече Ковачки како реплика на пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Слични содржини