235
Заврши комеморацијата одржана во катедралата Свети Гилс во Единбург, на која беше одбележан животот на кралицата Елизабета Втора и нејзината поврзаност со Шкотска.
Нејзиниот ковчег ќе остане таму во следните 24 часа, а потоа ќе биде префрлен во Лондон, јави Би-Би-Си.
Кралот Чарлс III и другите членови на кралското семејство ја напуштија катедралата.
Старешината на црквата во Шкотска, Мораг Мејлни, се заблагодари на Бога за долгиот живот, одличниот пример, непоколебливата посветеност на должноста, силната вера и добрата смисла за хумор на мудрата и голема британска кралица.