261
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора денеска ќе пристигне во Лондон, откако претходниот ден беше изложен во катедралата Сент Гилс во Единбург.
Кралот Чарлс Трети, заедно со своите браќа и сестри, вчера присуствуваше на бдение во катедралата Свети Гилс, при што жителите на Единбург можеа да влезат и да и оддадат почит на покојната кралица, пренесува „Ројтерс“.
Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот во нејзиниот замок Балморал, Шкотска, на 96-годишна возраст по 70-годишно владеење, јавува британската агенција.
Во Велика Британија на 18 септември, ден пред погребот на кралицата Елизабета Втора, ќе се одржи национално минута молчење, соопшти вчера британската влада.