Ковеши не смее да ја напушти Романија

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Романските власти и забранија на поранешната специјална обвинителка, Лаура Ковеши да ја напушти земјата. Таа е кандидат за европски главен обвинител и постапката е скоро завршена.

Во исто време, властите во Романија се обидуваат да го стопираат нејзиниот избор, а Ковеши е предмет на многу обвинувања и критики.

Вчера таа беше повикана во Истражниот комитет и даде исказ кој траеше 6 часа. На одморот, таа рече дека и е забрането да зборува со медиумите.

Уште една забрана ѝ била наметната – да ја напушта земјата без согласност на обвинителството.

Мерките против Ковеши доведоа до дипломатски одговор. Амбасадорот на Канада за Романија, Бугарија и Молдавија, Кевин Хамилтон рече дека бил вознемирен од акциите на романските власти.