Ковид 19 пречка во организирањето на традиционалните Мичурински средби: Одборот донесе одлука за доделување хуманитарни пакети

298 прегледи

По повод предстојниот православен христјански празник С.В Василиј или познат кај нас како Василица, поради пандемијата Ковид 19 претседателот Георги Гаштаров и организациониот одбор на традиционалата Мичуринска средба донесе одлука да не се ораганизира пречекот на Стара Нова Година.

Но традицијата ќе продолжи со хуманитарен дел, се со цел да се одржи традицијата на Мичуринска средба. Празникот ќе се одбележи со хуманитарен дел каде ќе се поделат пакети од храна за загрозените категории на граѓани кои живеат во населбата Мичурин и Општина Аеродром.

Целта е задржувањето на традиција која ќе продолжи и понатаму со годините кои се пред нас.
Програмата ќе започни со одбележување и литургија утре напладне во С.В. Богородица со почеток од 12 часот.

Слични содржини