Ковид-биланс: 66 смртни случаи од Ковид-19 во Хрватска

од Nikola Popovski
155 прегледи

Во последните 24 часа во Хрватска, евидентирани се 2763 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи денес е вкупно 15.957. Од нив, 2843 пациенти се во болница, од кои 291 се приклучени на апарати за дишење.

Од тамошното Министерство за здравство, објавија дека починале 66 лица од коронавирус.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 200086 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 3394 починале, вкупно оздравеле 180 735 лица, од кои 1855 во последните 24 часа. Во моментов има 47.482 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 974.507 лица, од кои 10.194 во последните 24 часа.

Слични содржини