Ковид-биланс во Косово: Позитивни се уште 521 лице, регистрирани 10 починати

од Nikola Popovski
175 прегледи

Во последните 24 часа на Косово и Метохија, други 521 лице се разболеле од коронавирусот, а 10 лица починале, соопштил денеска Институтот за инфективни болести во Приштина.

Тестирани се 1.375 лица, а повеќето од новите случаи биле во Приштина, Пеќ, Гњилане, Ѓаковице и Феризај, пренесува приштинска „Коха“.

Од почетокот на пандемијата во Косово и Метохија, вкупно 40.117 лица се заразиле, а 1.026 лица починале од Ковид-19. Во моментов има 13.505 активни случаи.

Слични содржини