Хрватска има најлоша епидемиолошка слика во цела Европа, ако ја погледнеме седумдневната инциденца, односно бројот на новоинфицирани на милион жители.
Во изминатата недела во Хрватска имала 3.736 заразени на милион луѓе, што според „Worldometers“ е најцрна состојба во цела Европа. Тоа е неделен раст од 19 проценти.
По Хрватска следуваат Франција (3502) и Холандија (3123) со инциденца од над 3.000 на милиони граѓани.
Овие податоци не се премногу изненадувачки ако се земе предвид фактот дека во последно време, четири хрватски окрузи се меѓу најлошите во однос на инциденцата со коронавирус од сите европски региони. Приморско-горанскиот е сè уште најлош европски регион, според Светската здравствена организација (СЗО), округот Вараждин е шести, округот Меѓимур е седми, а округот Шибеник-Книн сега е на 12-то место, бидејќи ситуацијата таму очигледно се подобрува.
Неколку дена по воведувањето на блокадата, Приморско-горанскиот округ забележа пад на инциденцата за три проценти во неделата.