Крај на драмата во Лондон: Се знае зошто итно била затворена американската амбасада

од Radmila Tasevska

Американската амбасада во Лондон се врати во нормална работа откако беше итно затворена, јавуваат медиумите.

Амбасадата на Твитер објави дека се враќа во нормала.

„Благодарност до полицијата за брзата акција, и до сите за соработката и трпението“, напишаа од амбасадата.

Локалните власти го истражија и го отстранија сомнителниот пакет пред амбасадата, се додава во соопштението.

Алармот се вклучил во американската амбасада во Лондон поради наводен безбедносен проблем во самиот објект.

Според првичните информации, на вработените им било кажано да се оддалечат од прозорците.

Во зградата имало голем број вооружени полицајци со кучиња трагачи, јавува Мирор.

Слични содржини